Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ТАРАВАРИ ВЕЛАТ УШТЕ ЕДНА МАСКА ПАДНА: ИК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да предложи нови кадри

ЗА ТАРАВАРИ ВЕЛАТ УШТЕ ЕДНА МАСКА ПАДНА: ИК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да предложи нови кадри

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница го овластила лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција.

Потегот на Таравари го оцениле како уште еден доказ дека групата на заштитници на криминалот и корупцијата добива нови редови.

„Уште една маска падна, уште една илузија беше разоткриена. На политичката сцена се појави нов, добро координиран марионетски квартет: СДС, Алијанса, ДУИ и Левица – различни имиња, но ист газда. Различни маски, но ист сценарист. ДУИ со години инвестираше во создавање на лажни политички конкуренти кои всушност се негови продолжени раце. Така ги добивме СДС и Алијансата на Таравари – партии со речиси идентичен рејтинг, подготвени да бидат потрошени во функција на обидот за враќање на ДУИ на власт. И како што е случај со секоја потрошна роба, така и овие ќе бидат фрлени на политички отпад кога ќе ја завршат својата задача“, велат од партијата. 

Откако синоќа Таравари соопшти дека неговото крило на Алијанса за Албанците (АА) излегува од владината коалиција, од Владата денеска информираа дека нема да има реконструкција на Владата, туку само смена на министрите.

Министерката за образование, Весна Јаневска не одговори прецизно дали има шанси таа да го замени Таравари на министерското место. 

Слично

Поврзани вести