Економија, финансии, бизнис

Контакт

За судот заврши „трудничкото боледување“ на Јанкулоска

За судот заврши „трудничкото боледување“ на Јанкулоска

Во кривичниот суд во Скопје, треба да започне судењето за ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“ во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Ова е издвоена постапка за Јанкулоска и судењето почнува од почеток откако поранешната прва полицајка во меѓувреме се пожали на потешкотии во состојбата со бременоста, а на почетокот на летото се породи со машко дете. Во меѓувреме стапи и судската ферија, односно летниот одмор поради што немаше рочишта во текот на летото.

СЈО предложи на Јанкулоска да ѝ се суди посебно, откако адвокатите претходно приложија медицинска документација за отворено лекарско боледување поради бременоста. За истиот предмет, експремиерот Никола Груевски доби казна затвор од 2 години, а второобвинетиот Ѓоко Поповски, доби 6,6 години затвор. Скопска Апелација утре ќе одлучува за жалбата на Груевски за овој предмет.

Јанкулоска е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување како поттикнувач. За ова кривично дело на поранешната министерка ѝ се заканува казна затвор од најмалку 5 години. Според обвинението, Јанкулоска за да го исполни барањето на Никола Груевски, со умисла го поттикнала обвинетиот Ѓоко Поповски да стори кривично дело

Судијката Добрила Кацарска закажа 11 рочишта за овој предмет до крајот на септември.

Судењето на Јанкулоска официјално започна на 28 мај.

Слично

Поврзани вести