ЗА СТРУГА И КИЧЕВО: Мицкоски му откажа соработка за локалните на Филипче
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му откажа соработка за локалните избори на Венко Филипче за Струга и Кичево.
„Добив информација дека тој е еден од ретките политичари којшто на отворена сцена покажува разбирање за политиките на ДУИ, нешто за кое што ние континуирано зборуваме дека коалицијата СДСМ, Левица и ДУИ перфектно функционира. Инаку јас очекувам општествена поддршка за кандидатите на владината коалиција во која е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, коалицијата Вреди и партијата ЗНАМ зашто убеден сум дека политиките кои ги води оваа коалиција се од интерес на народот и затоа кога велам дека очекувам општествена поддршка тоа навистина и го мислам“, рече Мицкоски.
Претседателот на СДСМ, Филипче неодамна изјави дека ако помине неговиот став во партиските тела, тогаш СДСМ за секоја општина ќе проценува дали и со кого ќе настапи во коалиција.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
