Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Стојанче Ангелов барањата на Бугарија се апсурдни

За Стојанче Ангелов барањата на Бугарија се апсурдни

Барањата на Бугарија се апсурдни, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов. 

Рече  дека Бугарија во Втората светска војна била окупатор.

Тој денеска со претставници на семејства на загинати и воени инвалиди кој при распадот на Југославија се бореа во ЈНА положи свежо цвеќе пред споменикот на загинатите борци.  Според него општо познато е дека Германија ја окупирала Македонија, а бугарската држава била администратор што дефакто ја прави окупатор.

Ангелов додаде дека ние како држава треба да се фокусираме на иднината, а не на историјата, прво затоа што позицијата на Бугарија е апсурдна, а второ затоа што додека Бугарија и Македонија се расправаат за историјата, а Илон Маск лансираше четворица астронаути во меѓународната вселенска станица.

Бугарија најави вето за македонските преговори со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести