ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија
Советот на Град Скопје предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија за стабилизирање на состојбите во градот, и за решавање на хаосот со јавниот превоз.
Советот на Град Скопје попладнево ја поздрави одлуката на Владата да обезбеди гориво за ЈСП за следните седум дена и ја поддржа соработката за продолжување на оваа мерка. Советниците предложија поддршката да продолжи и во иднина.
Од утре превозот ќе се нормализира во градот. Денеска граѓаните беа во паника како ќе стигнат на работните места без јавен превоз.
Слично
