Економија, финансии, бизнис

Контакт

За српскиот патријарх Иринеј потегот на МПЦ е неук

За српскиот патријарх Иринеј потегот на МПЦ е неук

Српскиот патријарх Иринеј во интервју за весникот „Печат“ вели дека зад односите меѓу БПЦ и МПЦ има политичка позадина. 

Смета дека ова е сценарио кое се режирало во Струмица на последниот состанок на двајцата премиери Зоран Заев и Бојко Борисов, а потегот на МПЦ го оценува како неук.

„Актерите и не кријат многу, дека нивните акции се политички координирани. Притоа, нив, се разбира, Црквата со своите канони, устројство и поредок, совршено не ги интересира. Нивната намера е чисто црковниот проблем да го решат со политичко насилство и со политичка цел. Проблемите нема да се решат со политичките договори на двоецот Борисов – Заев, и со неуката акробатика на поедини архиереји, кои инаку искрено и длабоко ги жалам“ – вели Иринеј.

За новонастанатата ситуација со Бугарската православна црква, чиј Синод ја прифати улогата на мајка црква на Македонската црква со што таа би обидела да стекне легалност и автокефалност, Иринеј рече дека се работи за чиста фарса.

Тој смета дека сето ова ќе води кон нови поделби меѓу верниците. 

Светиот синод на Бугарската православна црква на 27 ноември одлучи да се ангажира и застапува пред помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на Македонската православна црква.

Целиот текст можете да го прочитате овде. 

Слично

Поврзани вести