Економија, финансии, бизнис

Контакт

За среќа поминале лесно: Македонски автобус се заглавил под мост во Пловдив-остана без покрив

За среќа поминале лесно: Македонски автобус се заглавил под мост во Пловдив-остана без покрив

Спектакуларeн инцидент се случи рано изутринава во Пловдив, пишуваат бугарските медиуми. 

Возач на автобус не ја усогласи висината и го заглави високото возило под мост крај реката Марица. При овој случај нема настрадани, прецизираат од прес-центарот на провинциската дирекција на МВР во градот. 

Инцидентот се случил под мостот на булевар „Васил Априлов“ до Универзитетот за прехранбени технологии. Извештајот за несреќата беше доставен на тел. 112 во 7.20 часот наутро. Во автобусот биле само двајцата возачи, кои поминале без повреди. Подоцна стана јасно дека тие се граѓани на Северна Македонија, пишуваат бугарските медиуми.

На автобусот му е предизвикана сериозна материјална штета - покривот е целосно уништен. Не постојат докази за употреба на алкохол од страна на возачите.


Фото: I see you КАТ Пловдив

Слично

Поврзани вести