Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА СМРТТА НА 14 МЕСЕЧНОТО БЕБЕ: Суспендирани се двајца лекари

ЗА СМРТТА НА 14 МЕСЕЧНОТО БЕБЕ: Суспендирани се двајца лекари

Двајцата здравствени работници – лекари-специјалисти кои на 3 октомври биле дежурни и извршиле преглед на 14-месечното девојче кое почина на 5 октомври се суспендирани, информира Клиниката за детски болести. Клиниката донесе одлука за времено отстранување на лекарите и за формирање Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност.

Лекарската комора денеска кажа нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на Комисијата за стручен надзор за лекувањето на 14-месечното девојче кое почина на Клиниката за детски болести и ќе чека решение од министерот за здравство за Арбен Таравари со кое точно ќе се утврди индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки во согласност со законските прописи.

Девојчето почина на 5 октомври на Детската клиника откако претходно е одбиено за хоспитализација на оваа Клиника и родителите го однеле во болницата „Козле“. Комисијата при Министерството за здравство на 14 октомври го објави извештајот од стручниот надзор во кој меѓудругото стои дека на Детска клиника при вториот преглед извршен на 3 октомври е направен превид во проценката за потреба од хоспитализација на дететео, а во „Козле“ е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии.

Слично

Поврзани вести