Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ТАСЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ МВР: Постапивме врз основа на пријава и согласно законот, лицето не е лишено од слобода, туку е извршен службен разговор

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ТАСЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ МВР: Постапивме врз основа на пријава и согласно законот, лицето не е лишено од слобода, туку е извршен службен разговор

Се огласи Министерството за внатрешни работи во врска со извршениот службен разговор со А.Т., вработен во М-НАВ, за кој веста вчера ја објавија повеќе медиуми, а се осврна и поранешниот министер за внатрешни работи Никола Димитров. 

„Во врска со дезинформациите кои се пласираат во одредени портали во врска со извршениот службен разговор со А.Т., вработен во МНАВ, ја информираме јавноста дека Министерството за внатрешни работи постапува како и секогаш, согласно законските обврски. Секогаш кога ќе биде поднесена пријава од граѓанин за заканување или заплашување, МВР го поканува лицето против кое е поднесена пријава за да се изврши службен разговор. Тоа е направено и во конкретниот случај. По добиената пријава од Ф.Х. и Д.Х., раководни лица во МНАВ за испратени закани по меил од страна на А.Т., извршена е консултација со јавен обвинител, по што е направен записник за примање пријава. На 3 јануари 2024 со покана е повикан А.Т. и со него е извршен службен разговор. Напоменуваме дека лицето не е лишено од слобода туку е извршен службен разговор со цел расчистување на случајот. По документирање на случајот, до ОЈО ќе биде доставен соодветен поднесок за нивно натамошно постапување“, се вели во појаснувањето кое денеска го испратија од Министерството за внатрешни работи.

Слично

Поврзани вести