ЗА СЛУЧАЈОТ СО МАЛОЛЕТНИЦИТЕ НАЈДЕНИ ВО БЕСОЗНАНИЕ: Полицијата уапси 40-годишно лице од Скопје
Полицијата уапси 40-годишно лице од Скопје. Полицијата излезе со детали за пронајдените малолетници во безсознание.
На 12 јули годинава во 13.57 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, во двор од куќа, сопственост на Д.Ѓ.(40) од Скопје, малолетник го нападнал него со тврд предмет.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот, при што затекнале четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци, а на местото на настанот биле пронајдени и остатоци од работи кои ги консумирале, за кои дополнително ќе се врши вештачење за да се утврди нивната содржина. Во 16 часот полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.. Јавен обвинител излегол на лице место.
Малолетните лица со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Нивната состојба е стабилна.
