ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите
Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите во случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар.
Таа по породувањето во струшката болница остана без јајник, матка и бубрег. Со тоа ќе се утврдува одговорноста на лекарите. Вештачењето од Институтот за судска медицина, приложено од Обвинителството, посочи одговорност кај лекарите од струшката болница, а вештачењето нарачано од одбраната, кое го направи вештакот Драге Дабески, заклучи дека лекарите ѝ го спасиле животот на родилката. Обвинението против лекарите Мухамед Асани, Блертон Асани и Лилјана Јованоска е поднесено пред две години, а судењето продолжува на трети јуни.
Слично
