Економија, финансии, бизнис

Контакт

За случајот Мијалков е приведено едно лице, а многумина се повикуваат на разговор

За случајот Мијалков е приведено едно лице, а многумина се повикуваат на разговор

За случајот Мијалков има приведено лице, а вчера и денеска на разговор се повикуваат многу други лица, вели министерот Оливер Спасовски.

„Да, има приведено лице. Денеска се повикуваат лица на разговор, сето тоа ќе се цени како доказ. Секако дека дале информнации, тие ќе бидат споделувани во истрагата“, рече Спасовски.

МВР вчера на распит повикале 10 лица, членови на семејството и обезбедувањето. 

Одземени се телефони и документација, како и други предмети кои ќе бидат корисни. Обезбедени се и снимки од безбеден град.

Но, се додека не добиле официјален документ, МВР можела да врши само прикриено полициско обезбедување. 

За состанокот денеска во Владата, Спасовски рече дека имале состанок и се договарале како да постапуваат институциите. На прашањето дали Заев побарал оставка, Спасовски рече дека премиерот побарал одговорност во моментот кога за некого ќе се утврди пропуст. 

„Јас сметам дека за нив треба да има и кривична одговорност“, рече Спасовски. 

Според министерот, тој би сакал случајот утре да заврши. 

„Дај боже тој рок да биде со часови“, рече Спасовски. 

Рече дека не вперува прст во Обвинителството со ова свое излагање. 

Нема информација дали Мијалков има двојно државјанство, а од 2017 има забрана за излегување од државата.

„Ги следиме сите камери на сите гранични премини и во секој момент можеме да добиеме информација. Сметам дека Мијалков е во државата, а не надвор за да бара азил“, рече Спасовски.

МВР не е институција што бара и одобрува замрзнување на сметки, ниту може да ги следи тие сметки, нагласи министерот.

Според него, тоа го прави Управата за финансиско разузнавање. 

Слично

Поврзани вести