ЗА СКАНДИРАЊАТА ВО КУМАНОВО: Неколку инволвирани лица биле повикани на информативен разговор
Неспортското скандирање на натпреварот во Куманово e под истрага на обвинителството и полицијата. Неколку инволвирани лица биле повикани на информативен разговор, велат од јавното обвинителство. Оттаму за ТВ 24 велат дека идентификацијата трае.
„Издадена е наредба и за обезбедување на снимки од видео надзорот со цел да идентификација на евентуалните сторители“, велат од ОЈО.
Скандирањето против албанската етничка заедница го осудија повеќе партии, како и премиерот Христијан Мицкоски. Тој кажа дека се работело на мала група на навивачи.
Слично
