Економија, финансии, бизнис

Контакт

За СЈО плановите А и Б отпаѓаат, сега има план Ц

За СЈО плановите А и Б отпаѓаат, сега има план Ц

Mинистерката за правда Рената Дескоска вели дека добро е да се донесе Законот за јавно обвинителство, иако сега веќе не е ургентно. 

Ова го изјави откако вчера републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески соопшти дека Јавното обвинителство ќе ги преземе во надлежност и натамошно постапување предметите кои ќе му бидат предадени од СЈО.

Таа додаде дека во моментот веќе не се опција плановите А и Б, туку новата ситуација создала план Ц и ја повика опозицијата да се отрезни од шокот дека за предметите на СЈО ќе има континуитет.

Дескоска се надева дека емоциите ќе слегнат и дека во вторник ќе продолжат со разговори. 

Законот за Јавно обвинителство се очекува да биде донесен најдоцна до 15 септември. За да биде усвоен потребно е двотретинско мнозинство од пратениците, а неговото носење е клучно и за евроинтеграциите на земјава.

Слично

Поврзани вести