Економија, финансии, бизнис

Контакт

За сите кои тргнуваат на пат, се чека на Табановце

За сите кои тргнуваат на пат, се чека на Табановце

Oд АМСМ утрово информираат дека поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на граничниот премин Табановце, за влез и излез од државата, е околу 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Во екот на сезоната, застои имаше и на Богородица. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слично

Поврзани вести