Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА СИТЕ КОИ РАБОТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Официјално ќе возите со признаени возачки еве од кога!

ЗА СИТЕ КОИ РАБОТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Официјално ќе возите со признаени возачки еве од кога!

Сите македонски државјани кои живеат и работат во Германија ќе може да здривнат.

На декларацијата за признавање и замена на возачки дозволи мешу Македонија и Германија ќе биде ставен потпис во вторник.

Договорот ќе стапи во сила откако ќе го потпишат Министерството за внатрешни работи и Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура на Сојузна Република Германија а ќе бидат признаени возачките дозволи на сите полнолетни лица со важечки дозволи.

Овој договор требаше да почне да се применува уште во февруари кога премиерот беше во официјална посета на Берлин, но кочница тогаш беа техничките проблеми односно проблем беше што во Македонија се бара лекарско уверение при полагање за возачка дозвола, и истото правило требаше да важи и при преведувањето на германските дозволи - нешто што за германската страна беше неприфатливо.

Ова ќе претставува сериозно олеснување за сите граѓани на Македонија кои живеат или претстојуваат во Сојузна Република Германија, а кои подолг временски бараа од Владата реализација на ова признавање.

Република Македонија досега има потпишувано договор за признавање на возачките со седум држави и тоа со Шпанија, Италија, Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Австрија а од неодамна и со Косово.

Слично

Поврзани вести