ЗА СИТЕ БИТОЛЧАНИ КОИ ПАТУВААТ СО ВОЗ: Од среда се редуцира возниот ред
Се намалуваат линиите со воз од главниот град кон Битола. Возови од Скопје кон Битола и обратно ќе сообраќаат само еднаш дневно. Ова стапува на сила деновиве.
Од 25 октомври се укинуваат по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје. Патниците од среда ќе можат да ги користат само возовите кои поаѓаат од Скопје во 14:30 часот и во 03:13 часот од Битола. Железници на нивната официјална страна без да наведат подетални информации објавија дека овие измени ќе важат до нивно отповикување. Македонија не може да се пофали со конфорен и брз железнички сообраќај. И во минатото често се случувале да има прекини, расипување на возот по пат, односно патувањето до Битола се случуваше да трае со часови.
Слично
