Економија, финансии, бизнис

Контакт

За што се споменува Чифлиганец во снимките за рекет (ВИДЕО)

За што се споменува Чифлиганец во снимките за рекет (ВИДЕО)

Мене еднаш Чифлиганец ми бараше дуќан за неа за стоматолошка ординација, вели во објавениот разговор кој наводно е меѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски, бизнисменот прашувајќи дали и „женава Лиле е влезена со нас“. 

Ванчо Чифлиганец е бизнисмен сопственик на градежната компанија Адора Инженеринг, додека Лиле (Лиле Стефанова) се вика обвинителката која го водеше случајот Империја во кој е осомничен Камчев.

Еве транскрипт на дел од разговорот каде се споменуваат тие двајца

Орце Камчев: Не знам, женава влезена ли е во играта со нас, оваа Лиле, влезена ли е? Таа си брка, си тера целата приказна. Башка мене еднаш Чифлиганец ми се јави, ми бараше дуќан за нејзе за стоматолошки ординации за такви работи. Јас о... све тоа.

Боки 13: Кога било тоа.

Орце Камчев: Пред влезам.

Боки 13: Не знам за претходно.

Орце Камчев: Јас и ти си разговараме, во целата прикаска мора и таа да знае некои работи и да биде мотивирана... Се прикнува разговорот.

Лиле Стефанова вчера за дел од медиумите изјави дека е згрозена со објавената снимка

Целиот разговор овде. Делот за Чифлиганец е на 7 минута

Слично

Поврзани вести