Економија, финансии, бизнис

Контакт

За што разговараше Заев со China Energy

За што разговараше Заев со China Energy

За време на Самитот 16+1 на земјите од Југоисточна Европа и Кина, македонскиот премиер Заев, заедно со владиниот економски тим, се сретна со менаџерскиот тим на уште една кинеска компании, China Energy која делува во областите енергетика, транспорт, рударство и градежништво. 

Од компанијата која има отворено свое претставништво во Скопје истакнаа дека се создадени услови за инвестициски циклус во повеќе сектори. Компанијата ги следи активностите на новата влада и најави учество на 5 проекти  во претстојниот период. Премиерот Заев ги охрабри да учествуваат во постапките кои следуваат во претстојниот период посебно за проекти од областа на инфраструктурата и енергетиката.

На средбата се разговараше и за новите владини економски политики за економски раст и привлекување на нови инвестиции за кои претставниците на кинеската компанија покажаа сериозен интерес. На самиот крај од состанокот беше констатирано дека постојат добри основи за плодна соработка во иднина, соопштуваат од Владата.

China Energy е фирма ќерка на China Construction со тоа што се фокусира на енергетски проекти преку рударството, а тврди и дека се залага за согорување на чист јаглен кој има помали последици врз животната средина и климатските промени. Чист јаглен се добива преку технолошки процеси кои го намалуваат загадувањето при негово користење во термоцентралите, но не и при ископувањето.


Слично

Поврзани вести