Економија, финансии, бизнис

Контакт

За што разговараше Мицкоски со независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ?

За што разговараше Мицкоски со независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ?

Средба денеска имаше во Собранието меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. 

Оваа средба била на барање на Мицкоски. Тие разговарале за актуелната политичка состојба, ставовите за реформските закони и идните предизвици за Македонија. Осумте пратеници кои кон крајот на минатата година формираа своја независна група во Собранието. 

Оваа пратеничка група е составена од 7 членови на ВМРО-ДПМНЕ и еден пратеник од Социјалистичката партија кои гласаа за потребaта од уставни измени, а ќе биде предводена од Елизабета Канческа Милевска. Во групата се и Владанка Авировиќ, Зеќир Рамчиловиќ, Емилија Александрова, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов.

Инаку, договор меѓу власта и опозицијата засега нема за СЈО. 

Слично

Поврзани вести