Економија, финансии, бизнис

Контакт

За што разговараше Хан со Јанева и со претставници на организациите?

За што разговараше Хан со Јанева и со претставници на организациите?

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан кажа дека го запознала како се одвива работата на СЈО. 

Го информирала и за сите предизвици со кои обвинителството се соочува.

„За сè еврокомесарот ќе си каже на прес-конферецијата во 14 часот“ - рече таа. 

По средбата со лидерите на ДПА и на ДУИ, Мендух Тачи и со Али Ахмети, еврокомесарот Хан напладне во седиштето на СДСМ ќе се сретне со лидерот на партијата,   Зоран Заев, по што во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се сретне со Никола Груевски.

Претходно, Хан се сретна со премиерот Емил Димитриев, со кого разговарале за исполнување на условите за веродостојни избори, спроведување на реформските приоритети и за поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство.

Претставниците на невладиниот сектор пак, на средбата со Хан побарале да се формира независно судско одделение што ќе работи на случаите на СЈО. 



Слично

Поврзани вести