Економија, финансии, бизнис

Контакт

За што разговарале Заев и Ахмети по недобивањето датум?

За што разговарале Заев и Ахмети по недобивањето датум?

Премиерот Зоран Заев вчера се сретнал со лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, потврдуваат партиски извори за МИА.

Оттаму велат дека на средбата се разговарало за актуелната состојба поврзана со недобивањето на датум за почеток на преговори со Европската Унија.

Истите извори брифираат дека Заев и Ахмети ја истакнале посветеноста за унапредување на процесот на реформи во пресрет на зачленувањето на државава во НАТО.

Дел од медиумите јавија дека Ахмети го убедувал Заев да не поднесува оставка и да не брза со носење одлука.

Италијанската новинска агенција АНСА вчера објави дека Заев дал оставка, по што реагираа од неговиот кабинет. 

Утре ќе има лидерска средба кај претседателот на државата, Стево Пендаровски. 

Слично

Поврзани вести