Економија, финансии, бизнис

Контакт

За што разговарале телефонски Заев и Ципрас?

За што разговарале телефонски Заев и Ципрас?

Премиерот Зоран Заев со грчкиот колега Алексис Ципрас телефонски разговарал за европската перспектива на Македонија, развивањето на македонско-грчките врски и спорот за името. 

Од кабинетот на Ципрас информраа дека тој разговарал со Заев со цел да му честита за преземањето на премиерската функција во Македонија. Ципрас во разговорот ги повторил и потенцирал грчките позиции во однос на прашањето за името, а се разговарало и за перспективата на Македонија за прием во Европската Унија и НАТО.

Двајцата премиери разговарале за унапредување на билатералните врски и спроведувањето на мерките за градење доверба, кои забележале дека се особено важни за двете страни, а станало збор и за случувањата во регионот.

Првата официјална средба меѓу високи претставници на грчката и на  македонската Влада, се очекува во текот на овој месец, откако минатата недела грчкиот министер за надворешни работи,  Никос Коѕиас го покани новиот македонски колега,  Никола Димитров да ја посети Атина.

Слично

Поврзани вести