За што разговарале Шекеринска и Столтенберг?
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска разговарала со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Штотуку телефонски разговарав со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Заеднички е заклучокот дека во првата година од полноправното членство во НАТО, Северна Македонија докажа дека е активна членка на Алијансата и ги дели заедничките вредности и принципи на сите сојузници“, пишува Шекеринска на Фејсбук.

Лани во март Македонија стана 30-та членка на НАТО.
Слично
