Економија, финансии, бизнис

Контакт

За што разговарале Ахмети и Нишани во Тирана?

За што разговарале Ахмети и Нишани во Тирана?

За ситуацијата во Македонија по предвремените парламентарни избори, како и за резултатите на партиите на Албанците, синоќа во Тирана разговарале лидерот на ДУИ, Али Ахмети и албанскиот претседател, Бујар Нишани. 

Нишани му ја честитал победата на Ахмети и го поздравил ангажирањето и придонесот на партиите на Албанците во Македонија во изборниот процес и во процесот на демократизација и  интеграција на Македонија. Тој смета  дека особено е важно да се гарантираат правата на Албанците во Македонија.

„Албанија приоритет им дава на добрососедските односи и на партнерството со Македонија“-изјавил Нишани. 

Двајцата разговарале и за евроатлантските интеграции и изразиле идентичен став дека тие се од суштинско значење и се од голем интерес, не само за двете земји, туку и за целиот регион.

Ахмети претходно се сретнал со претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета и со албанскиот премиер, Еди Рама.

Медиумите пишуваат дека доцнењето на средбата на Ахмети со премиерот Рама и средбите со другите  албански државници било политички трик на Ахмети и штитење на рејтингот  на политички план, па заради тоа и не допатувал во ист ден со другите лидери на Албанците од Македонија. 



Слично

Поврзани вести