Економија, финансии, бизнис

Контакт

За што разговараа Муцунски и Марта Кос?

За што разговараа Муцунски и Марта Кос?

Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, попладнево разговарал со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

Зборувале за актуелните економски предизвици и евроинтегративниот процес. Соговорниците размениле мислења за изнаоѓање конкретно и одржливо решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните превозници, како и за прашањето поврзано со тарифите за челик. Во тој контекст, министерот Муцунски ја нагласил потребата од навремена и координирана реакција, со цел да се избегнат дополнителни негативни ефекти врз домашната економија.

Во контекст на евроинтегративниот пат на државата, министерот Муцунски ја потврди јасната и силна посветеност кон реформскиот процес, обезбедувањето континуитет во неговото спроведување, како и усвојувањето на законите кои се составен дел од европската агенда.

Слично

Поврзани вести