Економија, финансии, бизнис

Контакт

За што разговараа Мицкоски и Орбан?

За што разговараа Мицкоски и Орбан?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес, заедно со потпретседателот  Александар Николоски во Будимпешта се сретна со унгарскиот премиер Виктор Обран.

На средбата разговарале за актуелната политичка и економска состојба во земјава, главните предизвици со кој таа се соочува, за стратешките интереси и перспективи на Република Македонија како и прашања поврзани за меѓусебна соработка на партиско ниво меѓу партиите на Мицкоски и Орбан во рамките на Европската Народна Партија.

Мицкоски посочил дека за ВМРО-ДПМНЕ исклучиво важни се европските перспективи на Република Македонија кои се загрозени од, како што рекол, неодговорната Влада на Заев.

„И покрај отсуството на реформи, и сериозните индиции за криминално работење на владата кое допрва треба да се преиспита, сметам дека е потребно земјава да добие датум за преговори поради фактот што граѓаните не смеат да бидат заложник на неспособноста на Владата како и поради потребата да се воспостави уште еден контролен механизам врз владата преку поблиско мониторирање на нејзината работа од страна на европските институции“, изјавил Мицкоски.

Тој изразил загриженост поради криминалите и корупциските скандали со кои се соочува Владата на премиерот Заев, како и отсуството на правни разрешници на таквите криминални афери кои го загрозуваат функционирањето на правната држава. 

Слично

Поврзани вести