За што ќе разговараат Димитров и Коѕиас во Скопје?
Според грчките медиуми, главна тема во разговорите на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас и македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димтиров, во Скопје ќе биде имплементација и проширување на Мерките за градење доверба.
Ова ќе помогне за подобрување на односите меѓу двете земји.
Посетата на Коѕијас на Скопје на крајот на месецов ќе биде добра можност да се рaзменат мислења за последните случувања во регионот, но и уште повеќе да се промовира соработката меѓу двете земји и изградбата на клима на доверба.
Ова го велат грчки дипломатски извори кои повторуваат дека грчкиот дипломат со автомобил ќе патува од Солун за Скопје затоа што нема авионски летови меѓу Грција и Македонија поради името на скопскиот аеродром - „Александар Велики“.
За време на престојот во Скопје, Коѕијас ќе има средба и работен ручек со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, како и неколку состаноци со македонските власти.
Грција, како што повторуваат претставници на грчкото МНР, „останува посветена на подобрување на соработката меѓу двете земји, придонесувајќи за консолидација на култура на консензус и компромис со цел стабилност внатре во Македонија и на регионално ниво“.
За спорот за името овој пат нема да се дискутира.
