Економија, финансии, бизнис

Контакт

За шест месеци, 48 објекти пуштени во употреба

За шест месеци, 48 објекти пуштени во употреба
Од јули до декември 2013 се издадени вкупно 48 одобренија за употреба на објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемиот број од нив - 37 или 77,1% од вкупниот број издадени добренија за употреба се за објекти од високоградба, 7 или 14,6% се за објекти кои поминале низ реконструкција, додека 4 или 8,3% се наменети за објекти од нискоградба. Вкупната проценета вредност на објектите изнесува 868 милиони 327 илјади денари. На 32 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 16 објекти инвеститори се деловни субјекти. Во овој период е издадена употребна дозвола на 144 стана со вкупна површина од 10.044 метри квадратни.
Слично

Поврзани вести