Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Шекеринска изборите пратија две пораки - кои се тие?

За Шекеринска изборите пратија две пораки - кои се тие?

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, зборувајќи за резултатите од претседателските избори и победата на Стево Пендаровски, вели дека овој пат има две пораки.

Шекеринска вели дека земјата три пати по ред покажа дека се можни демократски избори во мирна, отворена и цивилизирана атмосфера, но и дека мнозинството граѓани сака да оди напред и земјата да се интегрира во НАТО и ЕУ. 

Министерката за одбрана потенцира дека очекувањата од Самитот во јуни се големи. 

Според неа, по овие фер и слободни избори со претседател кој целосно го поддржува членството во ЕУ, смета дека не постои никаков вистински аргумент против нас за да не ги почнеме пристапните преговори со европската заедница. 

„Мислам дека тоа ќе биде големо разочарување, не само за Северна Македонија, туку и за сите оние на Балканот кои сметаат дека политиката на предусловите на ЕУ може да донесе стабилност на Балканот и да ја подобри ЕУ. Севкупната цел на оваа политика на предуслови (за интеграција на една земја во ЕУ) е да имаме строг, но фер процес“, изјави Шекеринска за АНА-МПА.

За Договорот од Преспа, таа објаснува дека сега кога се тргнати политичките пречки, природниот тек на работите ќе покаже колку тој ќе биде важен. Додава дека младите, бизнисмените и луѓето кои живеат во близина на границата ќе имаат бенефит, иако политичарите беа обвинети поради ризикот кој го преземаа. 

Инаку и грчки „Катимерини“ посвети големо внимание на победата на Пендаровски. Веста ја пренесоа и многу други угледни медиуми. 

Слично

Поврзани вести