Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Села нема место на Илинденска, Мицкоски се пофали со „историски стабилно“ мнозинство

За Села нема место на Илинденска, Мицкоски се пофали со „историски стабилно“ мнозинство

Владејачкото мнозинство нема намера да го вклучи Зијадин Села во своите редови. Ова го потврди премиерот Христијан Мицкоски, кој вели дека во моментов немa планови за влез на крилото на Села од Алијансата за Албанците, наведувајќи дека владејачката коалиција располага со „историски стабилно, дури и двотретинско мнозинство“.

Ова прашање доаѓа откако крилото на Села ја напушти коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ и објави дека ќе неговите четворица пратеници ќе дејствуваат како посебна пратеничка група, но опозициски.

Во пресрет на можноста за нови преговори, Села претходно постави три услови за евентуален влез во владината коалиција, кои според него се неодложни. Тој бара: Уставни измени за забрзување на евроинтегративниот процес; Промена на формулацијата во Уставот — наместо „јазикот кој го зборуваат 20 % од граѓаните“ да се користи „албански јазик“; Уставниот суд да одлучува со Бадентерово мнозинство. 

Села порача дека овие измени се услов без кои нема да влезе во преговори за коалиција.

Слично

Поврзани вести