За Села „едно општество за сите“ е лага на Заев
Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, денеска од Гостивар му се обрати на премиерот Зоран Заев и кажа дека граѓаните на Гостивар се исклучени од концептот „едно општество за сите“.
Според Села тоа е само една голема лага. Вели дека градоначалникот на Гостивар и граѓаните се блокирани.
„Граѓаните на Гостивар се пример дека големите изјави на премиерот за едно општество за сите и живот во Македонија за сите се само една лага зад која стојат ниски политички игри на СДСМ и нивниот коалиционен партнер ДУИ“- вели Села.
Села при посетата на Гостивар се сретна и со градоначалникот Арбен Таравари, кој е кадар на Алијансата за Албанците.
Слично
