Економија, финансии, бизнис

Контакт

За секој граѓанин ќе има национален електронски идентитет

За секој граѓанин ќе има национален електронски идентитет

Од Владата соопштија дека ќе се воспостави национален електронски идентитет за секој граѓанин. Ова е одлука од 121-та седница. 

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за внатрешни работи, за потребата од изработување План за воспоставување Национален електронски идентитет за секој граѓанин и го разгледа и прифати Планот, заедно со План за реализација.

Целта е доделување електронски идентитет на граѓаните на Република Северна Македонија, што, според посочувањето од Министерството за внатрешни работи, треба да е носечки столб за дигиталната трансформација на општеството, со тоа што ќе овозможува унифициран пристап за користење на електронските услуги и размената на податоци, како во државата така и надвор од неа (земјите од Западен Балкан и Европската Унија).

Слично

Поврзани вести