Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА СЕКОГО ЌЕ НАЈДЕШЕ ДОБАР ЗБОР, СВЕТОЛ ПАТ ДРАГ ЧОВЕКУ: Професорката Малеска се прости од професорот Арнаудовски

ЗА СЕКОГО ЌЕ НАЈДЕШЕ ДОБАР ЗБОР, СВЕТОЛ ПАТ ДРАГ ЧОВЕКУ: Професорката Малеска се прости од професорот Арнаудовски

Веста за смртта на професорот на Правниот факултет Љупчо Арнаудовски ја потресе академската јавност.

Откако вчера од него се прости професорот Калајџиев, по него се огласи и професорката Мирјана Малеска, која имаше само пофални зборови за професорот.

„На ЉУПЧО АРНАУДОВСКИ 

Има луѓе заради кои не губите верба во човештина, во добрина, во доблест, во моралност, во професионалност. Тие луѓе можат да заминат од овој свет но не од вашите срца. Љупчо ни беше како татко на сите нас, тогаш млади истражувачи во ИСППИ. Не фалеше: “можете, така треба”; не советуваше: “читајте, работите”, не караше : “не фрлајте хартија туку така, искористете ги до крај двете страни“. За секој проблем личен и професионален, сите му се обраќавме за совет на Љупчо. Тој беше човек на кого можеш да се довериш и да си сигурен дека нема да те изневери. За секого ќе најдеше добар збор, но научните критериуми му беа строги. Не сакаше и беше од сите сакан и почитуван....Светол пат драг човеку“, напиша таа на социјалните мрежи.



Слично

Поврзани вести