Економија, финансии, бизнис

Контакт

За СДСМ рано е да се разговара за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за заеднички одговор кон Бугарија

За СДСМ рано е да се разговара за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за заеднички одговор кон Бугарија

СДСМ не одговори експлицитно дали го прифаќа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за усогласување на заедничка стратегија и документ како одговор на  условувањата на Бугарија, но од таму велат дека е рано да се размислува за лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски.

- За нас првенствено е борбата за човечките животи и да ги спасиме работните места. Рано е да се зборува за лидерска средба и рано е да се зборува за избори. СДСМ е фаворит. Тоа многу добро го знаат од опозицијата. Тие наместо да предлагаат мерки и политики за борба како да се спречи ширењето на корона вирусот и да спречиме економски последици во тој поглед, тоа за нив сега е главна тема, рече генералниот секретар на владеачката партија Љупчо Николовски на денешната прес-конференција.

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара на претстојната лидерска средба покрај за состојбата со здравствената и економска криза, која, како што велат е приоритет број еден во моментов, да се разговара и усогласи заедничка стратегија и документ како одговор на  условувањата на Бугарија. Воедно да се разговара и за поставување основи за заеднички усогласена надворешна политика како и стратегија за национална безбедност. Тоа, според опозициската партија, би биле документи од долготраен карактер и ќе  бидат обврзувачки за сите идни Влади.

- Да го направиме тоа додека не е предоцна. Сигурен сум дека една заеднички изградена позиција од сите релевантни политички и општествени фактори ќе биде позитивно прифатена и од ЕУ како и до нашите соседи. Таа мора да биде плод и на широк општествен консензус и консултации со релевантни научни институции од областа на македонскиот јазик, македонскиот народ и историја, понатака интелектуалци и институции кои својот научен и општествен труд го посветиле на овие прашања. Заеднички усогласената позиција треба да ги отсликува одредбите во Уставот на Република Македонија, основните постулати на кои се заснова ЕУ, основите документи на Советот на Европа и ОБСЕ, како и одлуките на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, рече на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Слично

Поврзани вести