За СДСМ инцидентите се обид за блокада, една партија бара Иванов да прогласи вонредна состојба
Денешните случувања во Собранието потврдија дека токму Никола Груевски стои зад обидите да се блокира работата на Собранието и зад обидите да се блокираат реформските процеси и евроатлантската перспектива на Македонија, реагираа од СДСМ.
„Истовремено, тоа е потврда дека Христијан Мицкоски е само марионета на осомничениот Груевски и дека воопшто не поседува капацитет за да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ претходно веќе го прифати Законот за употреба на јазиците, како и тоа што од 35 илјади, речиси 33 илјади амандмани се однесуваат само на казнените одредби, докажуваат дека поднесените амандмани на ВМРО-ДПМНЕ немаат врска со законот туку служат само за блокада на Собранието. Осомничетиот Груевски кој 11 години преку политиките на криминал, насилство, омрази и поделби ја уништуваше Македонија, продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата. Со таквото однесување, Груевски ја води ВМРО-ДПМНЕ кон пропаст“- велат од СДСМ.
Од партијата додаваат дека Груевски го чека соочување со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите 11 години и од тоа не може.
Го повикуваме претседателот Ѓорѓе Иванов веднаш да прогласи вонредна состојба заради незаконско и неуставно носење на закон за јазици со кој се урива уставниот поредок и унитарниот карактер на македонската држава, соопшти ТМРО по денешните случувања во Собранието и усвојувањето на Законот за употребата на јазиците.
