„За само една година го направивме она што ДУИ не го направи за две децении“: Влен за затворање на најопасната депонија
Во Никуштак, Липковско, започната е историска акција за затворање и санација на една од најопасните депонии во земјата, отворена рана со децении, која ги труеше воздухот, земјата и водата на илјадници граѓани.
Ова го посочуваат денеска од партијата „Влен“ (Вреди) кои се дел од владејачката коалиција, од каде истакнуваат дека сега има план за нејзино затворање.
- Оваа депонија, идентификувана во Националниот план како една од најкритичните точки за јавното здравје и животната средина, беше заборавена од ДУИ 24 години. Бескрајни ветувања, нула решенија! Жителите на Липково, Никуштак, Арачиново, Грушино и Орланце доживеаа само чад, отров и опасност по животот.
Промената дојде со ВЛЕН! Владата, произлезена од волјата на граѓаните, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, обезбеди 5 милиони денари од Буџетот за 2025 година, како и потребната механичка опрема за трајно затворање на оваа дива депонија. Проектот веќе ја има подготвена геодетската студија, додека работите веќе се започнати - нагласуваат од партијата во соопштението испратено во медиумите.
Потоа додаваат дека ова е најјасен пример дека ВЛЕН не ветува, туку дејствува!
- За само една година направивме она што ДУИ не го направи за две децении. Со оваа акција го враќаме достоинството на жителите на Липково и целиот регион. Ставаме крај на долгогодишен кошмар и докажуваме дека промената е реална, опиплива и неповратна.
ВЛЕН е гаранција дека ова не е само победа за животната средина, туку и за здравјето, безбедноста и животите на нашите граѓани. ВЛЕН за Липково без отпад, за чиста животна средина, за живот со достоинство! - нагласуваат од партијата.Фото: Архива
