Економија, финансии, бизнис

Контакт

За само два и пол часа наврнаа над 33 литри дожд на метар квадратен

За само два и пол часа наврнаа над 33 литри дожд на метар квадратен

Од УХМР соопштија  дека синоќа за само два и пол часа наврнале 33 литри дожд на метар квадратен.

Оваа количина на дожд одговара на количините  на врнежи кои во последните години и деценции паѓаат за цел месец август.  Просекот на врнежи во Скопје во август е 34,4 литри на метар квадратен.

„Во невремето што зафати делови од државата до 20 часот најмногу дожд наврна во Скопската котлина 33 л/м2“- велат од УХМР.

Невремето кое синоќа  го зафати Скопје имаше катастрофални последици, а неофицијално има и човечки жртви.

Имаше откорнати дрвја, заглавени автомобили, прекини во снабдувањето со електрична енергија, поплавени домови.

Денеска се очекува мала стабилизација на времето, а утре ќе биде променливо облачно со услови за дожд.

Слично

Поврзани вести