Економија, финансии, бизнис

Контакт

За РТС Заев веќе има мнозинство?

За РТС Заев веќе има мнозинство?

Радио телевизија  Србија (РТС) денеска објави дека пред почетокот на денешната расправа во уставната комисија во македонското Собрание, 11 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се согласиле да ги поддржат уставните измени и така да обезбедат двотретинско мнозинство.

Во прилог под наслов „Македонија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ под притисок“, оваа информација беше кажана. 

Повикувајќи се на информации на телевизијата „Алсат-М“, РТС потенцираше дека владата на Зоран Заев успеала да обезбеди двотретинска поддршка за уставните измени и да избегне вонредни избори.

Сепак, јавниот радиодифузен сервис на Србија ги пренесе и тврдењата на високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ дека тие шпекулации се неточни и дека е „малку веројатно некој од пратениците да гласа спротивно на волјата на граѓаните на Македонија искажана на референдумот“.

На комисија денеска пратениците имаа различни мислења. За некои идентитетот е заштитен, а за други Договорот од Преспа е штетен.

фото РТС

Слично

Поврзани вести