Економија, финансии, бизнис

Контакт

За реисот Сулејман Реџепи вирусот е веќе мртов

За реисот Сулејман Реџепи вирусот е веќе мртов

Реисот Сулејман Реџепи го прогласи вирусот Ковид-19 за мртов.

Поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија, реисот Сулејман Реџепи денеска пред џамијата на Мустафа Паша во Скопје го честиташе празникот Фитер Бајрам, по што изјави дека коронавирусот е мртов.

„Очекуваме во наредниот период секогаш лошото да го победуваме и да знаете дека Ковид-19 може слободно да го прогласам дека е умрен од денеска со оглед на тоа дека го победивме и заради тоа сме тука“, вели тој.

Муслиманските верници денеска го слават Рамазан Бајрам.

Реисот вчера беше актуелен во медиумите затоа што се оженил со девојка која е 50 години помлада од него. 

Но, коронавирусот уште е присутен во земјава, а во последните 24 часа се потврдени нови 37 случаи. 

Слично

Поврзани вести