„ЗА РАМАЗАНСКИТЕ ПОСТИ ПОЛУМЕСЕЧИНИ, ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ НИШТО“: Фотографија од Тетово украсено во духот на Рамазан, предизвика масовни реакции
Во Тетово деновиве на бандерите низ градот се поставени полумесечини како симбол на почетокот на рамазанските пости.
Истовремено, започнаа и велигденските пости, но за нив засега нема поставена никаква симболика или обележје во јавниот простор.
Ова отвори прашања кај дел од граѓаните за рамноправниот третман на верските празници и симболи во градот.
На фејсбук страна Скопје-Скопска објавена е фотогорафијата со реакција.„Градоначалникот на Тетово, Билал Касами по повод рамазанските пости ставил низ градот полумесечини.
Со оглед дека почнаа и Велигденските пости, сосема е коректно низ цел град да постави крстови за да има баланс и да не делува дека врши етничка, верска и расна нетрпеливост помеѓу граѓаните.
Не треба да се дели народот, на крајот на краиштата, сите го изгласаа“, пишуваат во објавата.
