„ЗА РАБОТНИЦИТЕ НУЛА ДЕНАРИ, ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ И ПО 100 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Исмаил од Левица со остра критика, се бара измена на законот
,Обичните работници не наплаќаат патни трошоци, додека функционери земале и по 100.000 евра годишно. Поради тоа, Левица предлага Закон за ограничување на патните трошоци на пратениците", истакна пратеникот и потпретседател на Левица, м-р Реџеп Исмаил, во телевизиска изјава.
- На дневен ред на седницата е токму нашиот Предлог - закон за ограничување на патните трошоци на пратениците. Тоа, практично, е дел од нашата платформа за намалување на привилегиите на функционерите и овој предлог - закон е на дневен ред со цел да се ограничи пратениците да земаат средства за патни трошоци кои се неосновани - појасни Исмаил.
Пратеникот од Левица ги потенцираше и енормните суми со кои пратениците се офајдиле низ годините наназад и сега, па затоа Левица предлага решавање на ова финансиско безредие.
- Може да видите дека во изминатите години, а и оваа 2024 година, се земале патни трошоци на годишно ниво од пратеници од 30.000 до 100.000 евра и повеќе. Затоа, ние мора да ставиме ред во оваа проблематика. Нашиот предлог е сосема прифатлив и предлага ограничување на патните трошкови според пазарната цена на горивото, на пример, 65, 6,5 литри на 100 км, што е многу поприфатливо во споредба со досегашните енормни суми - додава Исмаил.
Според него, регулирањето на таа проблематика не е целосно јасно и користат разни методи за да наплатат патни трошкови нереално, онолку колку што не заслужуваат или не направиле во крајна линија.
- Е, сега, тука е работата што и обичните работници кога одат на работа не наплаќаат патни трошоци, односно не земаат пари за патни трошкови и си го покриваат тоа од свој џеб и ние мислиме дека пратениците на Собранието на Република Македонија имаат доволно средства за да ги покријат патните трошкови сами - поентираше пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил.
Фото: Принтскрин/Јутуб
