Економија, финансии, бизнис

Контакт

За првпат македонска војска на воена парада во Софија

За првпат македонска војска на воена парада во Софија


Учеството на македонската војска на парадата на 6-ти мај е знак за добрососедство и пријателство, рече бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов по состанокот со македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска во Софија.

Бугарија сака мир и стабилност во земјите од Западен Балкан, а Македонија реши многу нерешени проблеми, рече Каракачанов. Радмила Шекеринска додаде дека Македонија е подготвена за членство во НАТО и во ЕУ и дека началникот на Генералштабот на македонската армија ќе присуствува на парадата на 6-ти мај.

„Ова е знак за партнерство и сојуз. Во парадите во Романија во последните 3-4 години, можеби и повеќе, последните 5 години, учествува бугарска чета, тоа е една традиција која постои помеѓу земјите кои се сојузници и партнери. Ова е знак дека ја прифаќаме Македонија како наш партнер во однос на идното членство во НАТО и како партнер на Балканот“, рече Каракачанов.

„Македонија – членка на НАТО и со почеток на преговорите за ЕУ ќе биде голем плус за нас во Македонија но и за нашите соседи и за безбедноста во целиот регион“, изјави Шеќеринска.


Слично

Поврзани вести