Економија, финансии, бизнис

Контакт

За прв пат во историјата, се зборуваше на албански на владина седница

За прв пат во историјата, се зборуваше на албански на владина седница

Владата синоќа потврди дека на последната 117-та седница за прв пат во историјата се зборуваше и на албански јазик, односно министрите и вицепремиерите го имале ова право да комуницираат на таков начин.

„Согласно одредбите од Законот за употреба на јазиците, членовите на Владата припадници на албанската заедница, како заедница од повеќе од 20 отсто граѓани на нашата земја, зборуваа на својот мајчин јазик“, потврдија од Владата.

Премиерот Зоран Заев истакна дека примената на Законот за употреба на јазиците на седниците на Владата, извршната власт, освен што го овозможува законското право, истовремено дава пример дека употребата на јазиците на заедниците, таму каде што тоа го регулира законот е и цивилизациско право и потврда дека, како што вели тој, Македонија не само декларативно, туку и практично ги овозможува правата на сите заедници.


Слично

Поврзани вести