ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Јавниот долг на САД ја надмина досегашната рекордна сума
Американскиот национален долг за прв пат во историјата надмина 34 милијарди долари, покажуваат ажурираните податоци на американското Министерство за финансии.
Како што е наведено, вкупниот државен долг на САД во моментов изнесува 34.001 трилиони долари.
Според експертите, американската влада ќе мора да потроши до една третина од буџетските приходи само за сервисирање на овој огромен јавен долг.
Претходниот рекорд за американскиот национален долг беше поставен во средината на септември 2023 година, кога изнесуваше 33 трилиони долари.
На официјалната веб-страница на Министерството за финансии е наведено дека заклучно со 18 септември вкупниот износ на јавниот долг изнесува 33,04 трилиони долари, што е нов рекорд за државниот долг на САД, кој на 16 јуни изнесуваше 32 трилиони долари.
Имено, во јануари беше надмината законската граница на американскиот долг кој изнесуваше 31,4 трилиони долари. Поради тоа, Министерството за финансии беше принудено да преземе итни мерки.
Рускиот министер за финансии Антон Силуанов смета дека долгот на американската влада расте поради неконтролираната емисија на долари.
