Економија, финансии, бизнис

Контакт

За прв пат пратеник од македонска партија влегува во албанскиот парламент

За прв пат пратеник од македонска партија влегува во албанскиот парламент

Васил Стерјовски е првиот пратеник-етнички Македонец во албанскиот парламент што доаѓа од партија која ги застапува македонските етнички интереси кај западниот сосед.

Станува збор за генерален секретар на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ).

Централната изборна комисија на Албанија го одобри неговиот мандат откако МАЕИ беше дел од изборната коалиција предводена од Социјалистичкото движење за интеграција на парламентарните избори 2017. 

Стерјовски беше петти на кандидатската листа за округот Корча, а инаку тој е запишан е на докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Слично

Поврзани вести