Економија, финансии, бизнис

Контакт

За прв пат отворена и јавна македонско-албанска соработка на избори

За прв пат отворена и јавна македонско-албанска соработка на избори

СДСМ и ДУИ се првите македонско-албански коалициони партнери кои уште во првиот круг имаат официјална и отворена меѓусебна поддршка во повеќе општини. Откако Зоран Заев како лидер на СДСМ даде целосна поддршка за кандидатот на ДУИ за општина Чаир екс заменик министерот Ганиу и реши да не кандидира свој партиски член, Ахмети ја возврати „услугата“ и на партиски собир во Гази Баба го повика членството во град Скопје да гласа за Петре Шилегов.

- Ова ќе придонесе за зајакнување на власта и ќе биде во полза за сите граѓани, рече Ахмети.

СДСМ и ДУИ постигнаа согласност да не се тркаат едни против други во клучни општини каде една од партиите не може да победи и за да не раситнуваат гласовите решија да гласаат коалициски. ДУИ на пример нема кандидат за Куманово каде исто така се очекува да гласаат за кандидатот на СДСМ, додека пак социјалдемократите ќе мора да „помогнат“ во Тетово и Гостивар, ако не во првиот тогаш сигурно во вториот круг. Исклучок од овој неформален но, реален коалициски договор се Струга и Арачиново каде СДСМ ќе има свои кандидати но, во вториот круг доколку не успее е возможно да го поддржи евентуално кандидатот на ДУИ.

Ваквата соработка ќе изврши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ на кој му треба соработник меѓу албанските партии и засега се шпекулира дека постои можност соработка со БЕСА во неколку општини но, тоа ќе се врши неформално бидејќи таква коалиција во јавноста ќе има лоши ефекти и за едната и за другата партија.

СДСМ ги сруши табуата дека ако добива албански гласачи сама ќе си нанесе штета, напротив членовите Албанци во оваа партија добиваат се поголема поддршка и се фактор на интеграција, додека на пак на прогресивното гласачко тело на социјал-демократите таквата поддршка воопшто не им пречи.

Х.С. 


Слично

Поврзани вести