За прв пат новозаболени во Дојран и тоа шестмина
Министерството за здравство за прв пат открива позитивни случаи на ковид-19 од Дојран, чии резултати до сега се прикажуваат на подрачјето на Гевгелија.
Шесте лица прикажани во Гевгелија, потекнуваат од подрачјето на општина Дојран, кое се покрива преку ПЕ на Центарот за јавно здравје од Гевгелија.
Ова го потврди епидемиологот д-р Сашко Олумчев, кој информираше дека покрај шестемина заболени од ковид-19, во општина Дојран во изолација се ставени уште 20 лица што веќе имале контакти со заболените и дека состојбата будно се следи.
ПЕ на Центарот за јавно здравје, покрај Гевгелија ги покрива и општините Дојран и Богданци.
Вчера беше објавена рекордна бројка од 241 нов случај на коронавирусот.
Слично
