Економија, финансии, бизнис

Контакт

За прв пат Мијалков на судење како притвореник

За прв пат Мијалков на судење како притвореник


Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, денеска за прв пат ќе се појави на рочиште како притвореник. Од истражниот затвор „Шутка“ ќе биде спроведен на новото рочиште за случајот на СЈО „Таргет Тврдина“ за недозволиво прислушкување.,

Рочиштето е закажано за 10.00 часот, а судењето во Кривичниот суд Скопје го води судијката за организиран криминал и корупција Џенета Бегтовиќ.

Преку системите за следење на комуникациите во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле прислушкувани 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски, се товарат и за уништување на системот за прислушување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.

СЈО откако поранешниот премиер Никола Груевски објави дека добил азил во Унгарија побара 30 дневен притвор за Мијалков поради опасност од бегство, по што истиот беше приведен во истражниот затвор.


Слично

Поврзани вести