Економија, финансии, бизнис

Контакт

За прв пат целосно интонирана македонската химна во бугарската амбасада во Скопје

За прв пат целосно интонирана македонската химна во бугарската амбасада во Скопје

На официјалниот прием во бугарската амбасада во Скопје, по повод 3 март – Денот на ослободувањето на Бугарија, за првпат била интонирана гласовно целосната верзија на македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“. 

Овој настан, според она што го пишува „Нова Македонија“ се смета за значаен чекор кон подобрување на македонско-бугарските односи.

Досега, на дипломатските настани организирани од бугарската амбасада, и македонската и бугарската химна беа изведувани само инструментално, без стихови.

Причината лежеше во историските разлики, особено во втората строфа на македонската химна, каде што се спомнуваат Крушевската Република, Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански – личности кои се предмет на различни толкувања во двете историографии.

Оваа година, тоа не беше пречка, што укажува на можно омекнување на официјалниот бугарски став. 

Приемот беше прв од ваков вид откако Жељаско Радуков ја презеде функцијата амбасадор на Бугарија во Македонија во септември минатата година. 

Слично

Поврзани вести